Утре облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 21 мај 2012
Во вторник на Балканскиот полуостров ке биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици, а само на југ од полуостровот ке биде сончево.

Во Македонија во вторник ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Попладне се очекуват поинтензивни врнежи. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ке престанат. Ке дува доумерен југоисточен ветар, а попладне во западните предели ке дува засилен западен и југозападен ветар. Утринските температури од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 12°C односно до 24°C.

Во Скопје во вторник ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен југоисточен ветар. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ке достигне до 20°C.

Во среда претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните и западните предели ке биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во останатите предели попладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Ке дува доумерен засилен северозападен , а во западните предели засилен западен ветар. Утринските температури од 4°C до 11°C, а максималните дневни температури ке се движат од 15°C до 27°C.

Во четврток во Македонија ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен северозападен ветар. Утринската температура од 6°C до 14°C, а максималните дневни ке достигнат до 12°C односно до 24°C.