Босна и Херцеговина (БиХ) има краен рок до септември да одобри закон со кој ќе се воведат стандарди за енергетска ефикасност, во согласност со ЕУ, или ризикува да ги изгуби парите на Унијата и илјадници потенцијални работни места. .

Стандардите првенствено вклучуваат т.н. „зелени“ градби -- згради со енергетски ефикасни прозорци, осветлување и грејни системи.
Трошоците што се однесуваат на енергијата во БиХ сочинуваат 20 отсто од нејзиниот БДП, во споредба со 5 отсто од БДП во земјите-членки на ЕУ, рече Кушљугиќ, додавајќи дека енергетските реформи треба да станат итен државен приоритет.
Условот ќе ја зголеми цената на новите згради за 10 отсто, но ќе има долгорочна полза за сопствениците.
Градењето според стандардите за енергетска ефикасност дава четирипати поевтино греење отколку да се користи централното градско греење и е петпати подобро отколку греењето со нафта за греење. Во БиХ се троши огромна количина енергија бидејќи покривите и ѕидовите на зградите не се добро изолирани.
Примената на стандардите за енергетска ефикасност на само една петтина од станбените единици во БиХ за десет години ќе создаде околу 7.000 работни места во градежништвото годишно. Двојно толку може да добијат „зелени работни места“ ако се директно вклучени во производството и примената на енергетски ефикасна опрема и материјали.
Сепак, недостатокот на координација во сите нивоа на власта -- државата, ентитетот и кантонот - претставува пречка за ефикасно спроведување на енергетски ефикасните реформи.
Меѓународната заедница даде помош за да го поттикне процесот. УСАИД, УНДП и германски ГТЗ инвестираа 2,15 милиони евра во енергетски ефикасен проект чија цел е да постигна 20 до 30 отсто заштеда на енергијата и да и донесе на БиХ околу 420 милиони евра.
Енергетската ефикасност ќе ја направи БиХ поконкурентна со другите нации во регионот. Хрватска подготви стратешки план за спроведување на законите на ЕУ за енергијата до 2016 година.
Србија, која неодамна стана кандидат за ЕУ, е енергетски неефикасна. Истата троши 50 отсто повеќе пари за јавното осветлување отколку земјите на ЕУ и 15 отсто од својот БДП за енергетските трошоци.