Времето утре (15.02.2022) - Појава на магла, во текот на денот претежно сончево
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 14 февруари 2022

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник во утринските часови по котлините ќе имаме појава на магла и умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Во текот на денот намалување на облачноста што ќе услови и повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер со брзина до 15 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда потопло утро со температури од -1 до 7 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 3 до 13 степени. Во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 5 односно до 15 степени. Во петок и сабота во Македонија постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 3 односно од -8 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и надпросечно топло време со дневни температури од 7 до 17 односно од 5 до 15 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА –Во Скопје во среда претежно облачно и релативно топло време. Минималната температура од 4 степени, додека пак дневната до 10 степени. Во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и топло време со температура до 12 степени. Во петок и сабота по студеното утро и температура од 0 односно -3 степени, во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и температура до 14 односно до 12 степени.