Времето денес (09.07.2016) - Претежно сончево со локална облачност
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 19 јули 2016

Денес е вторник, 19 јули 2016 година, 201-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:10, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 14 часа и 56 минути.

 

Во Македонија ова утро во делови од западните предели преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, додека во источната половина имаме повеќе сончеви периоди, односно ведро време. Исто така да напомене дека ова утро е доста свежо.

 

 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денот го започнуваме со уште едно свежо утро, невообичаено за овој период од годината со утрински температури кои се движат во интервал од 8 до 17 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и малку потопло, бидејќи максималните температури ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до 19 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени. УВ индекс 5.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на потопла воздушна маса која што ќе услови пораст на температурите. Во среда по свежото утро, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 22 до 34 степени. Во четврток сончево и топло со температури од 24 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и потопло со осетен пораст на максималните температури кои во петок ќе достигнат до 26 односно до 38 степени, а во сабота од 29 до 39 степени.