Времето денес (06.03.2015) - Облачно со врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 6 март 2015

Во Македонија во петок ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и снег и ветровито.

 

Врнежи од снег се очекуваат над 800 метри надморска висина. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминуаваат во врнежи од снег и во пониските предели до 400 метри надморска висина.

 

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во запаните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Утринските температури од -1°C до 6°C, а максималните дневни ќе достигнат до 0°C односно до 9°C. 

 

Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

 

Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 7°C.