Времето денес (05.03.2015) - Облачно со врнежи од дожд и ветровито. На планините со снег
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 5 март 2015

Mакедонија во четврток ќе биде под влијание на циклонска активност која што ќе услови врнежи од дожд и засилен ветер. Во попладневните и во вечерните часови поинтензивни врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели каде што се очекуваат да наврнат и до 35 литри дожд на метар квадратен.

 

На планините со врнежи од снег.

 

 

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Утринските температури од 1°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°C односно до 11°C.

 

Во Скопје во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветеровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 5°C, а максималната дневна до 8°C.

 

Врнежите од дожд ќе продолжат и во петок но со многу послаб интензитет и ветровито. Врнежи од снег се очекуваат на местата над 800 метри надморска висина а во текот на ноќта тие ќе се спуштат. Минималните температури од -1°C до 6°C а максималните од 1°C до 10°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk