Снег на највисоките балкански планини, а во Грција температура од 35°C
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 23 септември 2014

Додека на највисоките планини на Балканскиот полуостров, кои се наоѓаат над 2000 метри во текот на денот се очекуваат слаби врнежи од снег, дожи и снег и температура од 0°C, на југ од полуостровот летото и понатаму продолжува, па така температурата во Грција се очекува да се искачи и до 35°C. 

 

 

Денешниот ден во Грција ќе биде многу топол, а температурата на југ од земјата ќе достигне и до 35°C. Истовремено во поголем дел од Балканот ќе биде студено со температури од 13 до 24 степени.

 

Студениот бран во среда ќе стигне во Грција каде што ќе услови пад на температурите во сите делови, и се очекува насекаде температурите да бидат по 30°C, а на север од земјата и до 20°C