Поврзаност помеѓу порастот на температурите и снежното невреме
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 31 јануари 2015

Навидум некомпатибилни, но и тоа како постои поврзаност помеѓу едното и другото. Во иднина порастот на температурата ќе доведува до поинтензивни меќави, а тие ќе бидат се поретки.

 

 

Поретки ќе бидат затоа што на премин на годишните времиња од есен во зима или од зима во пролет, поради топлото време се почесто ќе има врнежи од дожд отколку снег. Меѓутоа, се повеќе ќе постои судир на ладен воздух со топол воздух што се резултира со повеќе изразени меќави.

 

Како се загрева нашата планета, дополнителна топлина оди во атмосферата, нои во океаните и езерата, предизвикувајќи два главни фактори а тоа се засилување на меќавите и колку се подготвени снег да формираат.

 

Со тоа се зголемува кочеството на влага во атмосферата, а разликата помеѓу температурата на воздухот над копното и морињата е се поголема, особено во зимските месеци.

 

Зголемените количини на водени капки која топлата атмосфера може ги поднесе е чиста физика. Тоа значи колку се поголеми количините, стануваат се потешки и облакот неможе да ги држи. Доаѓа до испуштање над некое подрачје, а колку се побројни толку и врнежите се поинтензивни, независно дали се работи за дожд или снег и во кој период од годината.

 

Кога анализираме исклучиво за зима, порастот на температурата од 2 или дури 4 степени, нема во целост да ги намали температурите под нула од нас, посебно не во најсеверните предели на северната хемисфера. Тоа значи дека зимата ќе започне покасно, а ќе завршува порано, што значи многу помал простор за снежно невреме.

 

За врнежи од снег најпогодни се температури кои се малку под 0 степени, бидејќи ни снегот не ги сака мнгогу ниските температури.

 

Топлото време има влијание на таканаречените езерски или морски снежен ефект. Ако ги земеме како пример Големите езера. Тие изминатите две сезони имаат надпросечно замрзната површина, иако постоеше тренд секоја зима се помала површина да биде покриена со мраз. Поради таа покриеност со мраз, бројот на езерските снегови во околината се намалил, бидејќи мразот го спречил транспортот на енергија и влага од езерото во атмосферата.

 

Во метеорологијата не е се така црно на бело, туку постои и нешто помеѓу. Ова е само доказ дека затоплувањето не мора секогаш да значи и опростување од зимските временски услови. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk