Над Индискиот океан формиран тропски циклон од петта категорија
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 31 јануари 2015

Во јужниот дел на Индискиот Океан е формиран тропски циклон кој го добил името Јунис (Tropical Cyclone Eunice). Овој циклон е формиран на 27 јануари над отворено море и на оддалеченост од околу 1300 километри од островот Диего Гарсија.

 

 

Јунис е постојано засилување, а брзината на ветерот достигнува и до 260 км/ч. Јунис е првиот тропски циклон од петта категорија во 2015 година.

 

Во наредните денови се очекува негово слабеење, но движењето ќе го продолжи по југоистокот на океанот ќе создаде проблем на бродовите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk