Големи количини на слатка вода се влеваат во заливот на Аљаска
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 6 март 2015

Топењето на глечерите придонесува големи количини на слатководна вода да се влеваат во заливот на Аљаска, отколку онаа на Мисисипи.

 

Податоци од сателит потврдија дека количината на слатка вода која што се влева во заливот на Аљаска од потоците и реките во Аљаска и северна Канада е околу 1,5 пати од количината што реката Мисисипи ја исфрла во Мексиканскиот залив годишно.

 

 

Неверојатниот проток на вода се должи на обилните врнежи во југоисточна Аљаска и во јужната страна на планинскиот масив во јужно-централниот дел на Аљаска. Другата половина доаѓа од топењето на снегот и мразот од глечерите.

 

Научникот за глечери Антони Арендт е писател на еден истражувачки труд во кој истражувачите користеле различни видови на информации за да определат од каде доаѓа слатката вода во Северниот индиски океан од Аљаска и северо-западна Канада. Тој работи во Институтот за Геофизика при Универзитетот на Аљаска Фербенкс и ги проучувал податоците од мисијата на НАСА која се состоела од два сателита кои кружеле околу Земјата околу 300 милји над нашите глави.

 

Овие инструменти ја мерат гравитацијата додека ја кружат планетата така што биле во формација на околу 137 милји оддалеченост. Антони и многу други научници ги искористиле овие мерења на гравитацијата за да ги пресметат промените, односно во неговиот случај  загубата на мраз и снег од глечерите и огромните површини со мраз во Аљаска и северна Канада. Неговите податоци само ги потврдиле веќе добиените резултати уште од 1980 кои се базирале на податоци од хидрометeоролошки станици, метеоролошки станици и компјутерски модели.

 

Како за споредба, реката Мисисипи дренира 31 држава и две провинции. Според полноводноста, оваа река е 10та најголема река на планетата. А реката Јукон,која мислевме дека е голема ,се наоѓа на 41 место.

 

Така да, планините и дождовните шуми во јужниот дел на Аљаска придонесуваат за големите количини на води што се влеваат во океанот. Што треба ова да значи?

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk