Денес тропски ден, сончево и многу топло време
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 22 јули 2018

БАЛКАН - Во северните и централните предели на Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Во јужните предели претежно сончево и многу топло време. Максималните температури од 27 до 35 степени. 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во недела тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен западен и југозападен ветер кој што во западните и југозападните предели ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури во благ пораст и ќе се движат во интервал од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бележат поосетен пораст и ќе достигнат до 28 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време иако дневните температури ќе бележат благо опаѓање и ќе се движат во интервал од 25 до 37 степени. Попладне и навечер нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици и услови за појава на невреме и град. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните, северните и североисточните предели. Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните североисточни и источни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 20 до 31 степен. Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со температура од 22 до 33 степени. Во четврток претежно сончево со појава на локална облачност и топло време, попладне во северозападните, западните како и во североисточните предели со услови за локални врнежи од дожд и дневни температури од 23 до 34 степени.