Прв ден од сезоната на урагани на Источен Пацифик - Прва тропска депресија
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 17 мај 2013
15-ти мај е официјален почеток на сезоната на урагани на источен Пацифик. Па мајката природа почетокот на сезоната го најави со првата тропска депресија TD One-E.

Според првичните прогнози оваа тропска депресија TD One-E ке биде првата именувана тропска бура која ке го добие името Alvin, а не е исклучена и можноста веднаш првата бура да премине во ураган. Сите параметри за развојот на Alvin се во прилог на тоа дека оваа тропска депресија кон крајот на оваа недела може да биде и првиот ураган оваа сезона. 

Денеска 17.05 тропската депресија веќе е тропска бура која го добила името Alvin, но сепак според последните прогнози ќе остане тропска бура без можност да премине во ураган. 

Сепак ако денот се познава по утрото, оваа сезона во источен Пацифик ќе биде доста динамична.