На Балканот во понеделник ќе биде претежно сончево и топло. Попладне, локално можни се врнежи од дожд претежно во централните предели. Максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 33°C.

Во Македонија во понеделник ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 7.
Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C. Ув индекс 7.
Во вторник ќе биде претежно сончево и топло. Ке дува умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури до 24°C односно до 32°C. Ув инекс 7.
Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито. Во вечерните часови и во текот на ноќта можни се локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 32°C. Ув индекс 7.
Во четврток преодна дестабилизација на времето. Ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, а понекаде можна е појава на невреме проследено со засилен ветер и град. Ќе дува умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до30 км/ч. Утринските температури од 10°C до 17°C а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 28°C.
Во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито со пад на температурите. Попладне понекаде можни се слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C до 25°C. Ув индекс 5.
Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°C до 25°C. Ув индекс 5.
Во недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во попладневните часови постои можност за локални врнежи од дожд. Ке дува умерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°C односно до 25°C.