Невреме во Нигерија, загина најмалку 31 лице
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 18 мај 2013
Најмалку 31 лице загина, а 16 се повредени, кога во Нигерија поради силната бура паднало големо дрво. Дрвото паднало на продавачите и посетителите на ноќниот пазар, а уништена е и куќата во која е сместено седиштето на селските власти.

Езе Годвин Дуру, поглавар на селото Умуенџинваоке Умудагу, потврди дека на учесниците на пазарот паднало големо дрво и дека во тој инцидент уништено е и седиштето на локалните власти.

Командата на нигериската полиција за сега нема коментар на ова случување.