Молња уби 17 год фудбалер и судија на среде натпревар
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 19 мај 2013
Двајца Мексиканци ги загубија животите во четвртокот од удар на гром во текот на фудбалскиот натпревар во местото Атлакомулко во сојузната држава Мексико, соопштија во петокот локалните власти.

Фудбалерот на 17-годишна возраст и 28-годишниот арбитер го погодила молња во текот на силна бура. Во ударот се повредени уште две лица, се наведува во соопштението на локалните власти.

Тие го повикаа локалното население да не излегува од своите домови за време на следните силни бури коишто ги очекуваат во регионот.

Извор МКD news