На Балканскиот полуостров ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Локално можна е појава на невреме. Силен ветер ќе дува во Јадранско, Јонско и Егејско море. Максималните дневни температури од 20°C до 28°C.

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Нестабилно со можност за слаби локални врнежи од дожд ќе биде во западните, северозападни и северните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 32°C.
Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со можност за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. Ув индекс 6.
Во сабота ќе биде сончево и многу топло. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. Ув индекс 7.
Во недела во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 8.