Времето продолжува да не изненадува
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 18 мај 2013
Времето во светот продолжува да не изненадува. Централниот дел на Русија по долготрајната зима речиси веднаш влезе во жешкото лето. Во западниот дел на Сибир, спротивно, после температури од 30 степени, неочекувано падна снег. 

Временски катаклизми се забележуваат и на територијата на западна Европа и САД. Аномалиите стануваат вообичаена појава. 

Во Москва на почетокот од недела се достигнуваа температурните рекорди, температурата три дена се движеше околу 30-тиот степен, невообичаена појава ако се земе во предвид фактот што крајот на април улиците беа под снег. Оваа недела Москва беше најтоплата европска престолнина, надминувајќи ги Рим и Атина.
 
Спротивна беше ситуацијата во Сибир. Во Алтајскиот регион по температура од 30 степени, каде започна цветањето на лалињата, неочекувано падна снег.  Во некои места наврнале и од 10 сантиметри снег. 

Невообичаено студено време ја зафати западна Европа. Во Лондон и Париз живата на термометарот не се искачуваше над 16 степени. Додека пак на територијата на САД владее вистинска суша.

Дисбалансот на климатската ситуација доведува до тоа да на едни места неочекувано паѓа снег- таму каде што не се очекува, додека пак на други места настапува суша-практично на места каде што никогаш не се појавила.

Климатолозите истакнуваат дека дисбалансот на климата нанесува голема штета на светската економија. Загубите се проценуваат над милијарда евра. Затоа експертите ги повикуваат владите на земјите во светот веќе да започнат да ја прилагодуваат економијата според новите природни услови. 

Временските аномалии во последно време се се повеќе. Тие се случуваат и во пролет, лето, есен и зима.

Па можеби веќе дојде време да ги гледаме како нормални ?