Времето денес - (17.05.2013) - Умерено облачно со сончеви периоди, попладне можност за дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 17 мај 2013
Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Нестабилно со можност за слаби локални врнежи од дожд ќе биде во западните, северозападни и северните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 32°C.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со можност за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. Ув индекс 6.

Во сабота ќе биде сончево и многу топло.  Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. Ув индекс 7.

Во недела во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 8.