Времето денес (19.05.2013) - Сончево и многу топло со температура до 34°C и ув индекс 7
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 19 мај 2013
Во Македонија во недела ќе биде сончево и многу топло. Многу мала можност за локални врнежи од дожд постои во западните предели во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 34°C. УВ индекс 7. 

Во Скопје во недела ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна ќе достигне до 31°C. 

Во понеделник ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 7.

Во вторник во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 33°C. Ув индекс 7.