На Балканскиот полуостров во сабота ќе биде сончево и топло. Силен југоисточен ветер ќе дува во Јадранско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C.

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. Ув индекс 7.
Во Скопје во сабота ќе биде сончево и многу топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна ќе достигне до 30°C. Ув индекс 7.
Во недела сончево и многу топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 34 степени. Ув индекс 7.
Сончево и многу топло ќе биде и во понеделник. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 7.