Временска прогноза Битола - Саем на цвеќето
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 16 мај 2013
Во Битола во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер, ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. Ув индекс 6.

Во сабота ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина до 20 км/ч. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна температура до 28°C. Ув индекс 7.

Сончево и топло ќе биде и во недела. Ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. Ув индекс 8.