ВИДЕО - Катастрофални поплави во јужните кинески провинции
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 18 мај 2013
Најмалку 33 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати како последица на големите поплави и лизгање на земјиштето во јужните кинески провинции, изминативе неколку дена. 

Спасувачите работат деноноќно за да ги извлечат луѓето од поплавените домови. 

Се пребаруваат и урнатините поради стравувања дека има затрупани. 

Според метеоролозите, невремето кое започнало во вторникот и било проследено со обилни дождови, ќе потрае и наредните денови. Најголем број од жртвите се од провинцијата Гуангдонг, каде за 9 часа наврнале 20 сантиметри дожд.