Времето утре (27.05.2015) - Нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со пад на температурите
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 26 мај 2015

МАКЕДОНИЈА: Во крајните југозападни, јужни и југоисточни предели ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, каде се очекуваат и малку поинтензивни врнежи, но услови за локални врнежи ќе има во северозападните предели.

 

Во централните и северните и североисточните предели ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

 

 

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понедекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч.

 

Утринските температури од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14°C односно до 23°C.

 

СКОПЈЕ: Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна до 21°C.

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Како што најавивме, од четврток следува период на стабилно време. Сепак во наредните денови ќе имаме пониски утрински температури, но дневните ќе бидат во постојан пораст.

 

Во четврток умерено облачно со сончеви периоди. Минималните температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни ќе достигнат до 11°C односно до 22°C.

 

Во петок по свежото утро со утрински температури од 5°C  од 14°C во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Максимални температури ќе достигнат до 14°C односно до 25°C.