Времето утре (21.08.2014) - Претежно сончево и топло. Попладне со услови за локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 20 август 2014

Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните, североисточните и источните предели со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 7.

 

 

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 34°C. УВ индекс 7.

 

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 36°C. УВ индекс 7.