Времето утре (20.07.2016) - По свежото утро, претежно сончево со локална облачност
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 19 јули 2016

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и потопло од денес. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температурио од  9 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

 

 

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток сончево и потопло со дневна температура до 32 степени. Сончево и топло ќе биде и во петок кога максималната температура ќе достигне до 35 степени. Во сабота и недела сончево и многу топло. Утринската температура од 18 до 20 степени, додека пак максималната ќе достигне до 37 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови следува сончево и се потопло време со пораст на температурите. Во четврток и петок утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени, во текот на денот ќе биде сончево и топло со максималните температури од 25 до 35 степени во четврток, односно од 28 до 37 степени во петок. Во деновите од викендот ќе имаме сончево и многу топло време. Температурите ќе бидат во пораст па дневните температури ќе се движат од 30 до 39 степени а воедно ќе имаме и висок вредност на ув индексот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk