Времето утре (19.06.2015) - Претпладне претежно сончево, попладне со врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 18 јуни 2015

Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне развој на нестабилна облачност која што ќе донесе услови за локални врнежи од дожд и грмотевици.

 

 

Ветерот ќе ја намали брзината, сепак ќе дува доумерен северен и северозапададен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

 

Утринските температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 30°C.

 

УВ индексот ќе има вредност 7. 

 

 

 

 

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне зголемување на облачноста и услови за сосема слаби врнежи од дожд.

 

Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 14°C, а максималната дневна ќе достигне до 27°C. УВ индекс 7.