Времето утре (09.07.2015) - Претпладне сончево и топло, попладне со услови за врнежи од дожд и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 8 јули 2015

МАКЕДОНИЈА - Во четврток во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Локално постојат услови за појава на невреме.

Очекувано количество на врнежи во наредните 24 часа

 

Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 38°C. УВ индекс 8.

 

Прогноза за грмотевици

 

СКОПЈЕ  - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста со услови за слаби локални врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C а  максималната дневна ќе достигне до 35°C. УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 24°C до 35°C.

 

Во деновите од викендот ќе биде сончево и топло. Максималните температури ќе се движат во интервал од 24°C до 36°C. УВ индексот со вредност 8.

 

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 26°C до 37°C.