Времето утре (07.03.2015) - Облачно со врнежи од дожд и снег и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 6 март 2015

Облачно и нестабилно со врнежи од дожд и снег ќе биде и во сабота во Македонија. Врнежи од снег ќе има над 400 метри надморска висина, додека пак врнежи од дожд ќе има само во Гевгелиско-Валандовскиот регион.

 

 

Врнежите ќе бидат проследени со силен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Минималните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -4°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C. 

 

Во Скопје во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен свеерозападен ветер. Утринската температура од 0°C, а максималната дневна до 4°C. 

 

Вториот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно време но и со услови за провејување на слаб снег, а во југоисточните делови со слаби врнежи од дожд. Минимални температури од -5°C до 2°C,  а дневните температури ќе се движат од 0°C до 8°C.

 

Стабилизација на временските услови се очекува во првите денови од новата работна седмица. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk