Времето утре (03.06.2016) - Претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 2 јуни 2016

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне развој на нестабилност која во делови од северозападните, северните и североисточните предели ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер, а во западните предели доумерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 8.

Oчекувано количество на дожд на 03.06.2016 година

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 до 15 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 односно до 31 степени. УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија и во наредните денови ќе продолжи нестабилното време. Во сабота претежно сончево со локална облачно, попладне во западните, северозападните, североисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Температурите од 19 до 31 степен. Во недела претежно сончево со локална облачност, попладне само во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со температури од 21 до 33 степени. Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд ќе биде и во понеделник и вторник кога се очекува и опаѓање на максималните температури. Во понеделник од 18 до 30 степени, додека пак во вторник тие ќе се движат во интервал од 20 до 32 степени.