Времето денес 19.08.2016 - Претпладне претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 19 август 2016

Денес е петок, 19 август 2016 година, 232-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 5:46, а ќе зајде во 19:28 часот. Денот ќе трае 13 часа и 49 минути.

 

Претежно сончево и топло утро имаме денес во Македонија. Во источните предели имаме зголемена облачност, особено во североисточните и југоисточните предели која во наредните часови ќе се намалува и тука се очекуваат сончеви периоди.

 

 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне зголемување на облачноста која што ќе услови развој на нестабилност која пак ќе донесе нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава и на невреме. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели каде локално може да наврнат и до 20 литри дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринските температури од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индекс 6.

 

СКОПЈЕ – Во Скопје во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Попладне зголемување на облачноста и услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна до 32 степени. УВ индекс 6.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во наредните денови се очекува доста нестабилно време, а врнежите од дожд се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Во сабота претежно сончево со локална облачност, попладне во северозападните, североисточните, источните и југоисточните предели со локални врнеж. Температурите од 26 до 35 степени. Во недела претежно сончево, попладне врнежи од дожд се очекуваат само во северозападните предели. Максималните температури од 28 до 37 степени. Во понеделник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и посвежо време со пад на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 25 до 34 степени. Во вторник се очекува стабилизација на времето но и посвежо поради продор на ладна воздушна маса од север, па дневните температури ќе се движат од 20 до 29 степени.