Времето денес 16.08.2016 - Сончево и топло со температура до 37 степени
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 16 август 2016

Денес е вторник, 16 август 2016 година, 229-иот ден во годината.  Сонцето изгреа во 05:38, а ќе зајде во 19:35 часот. Денот ќе трае 13 часа и 56 минути.

 

Уште едно сончево и температурно посвежо утро во Македонија. Утринските температури се за 1-2 степени повисоки од вчерашните но сеуште се под просекот за месец август.

 

 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува уште еден сончев и потопол ден, со пораст на температурите. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер. Утринските температри ќе се движат од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Воздушниот притисок ќе бележи тренд на опаѓање и ќе има вредност околу 1015 хектопаскали, а пак ув индексот ќе има вредност 8.

 

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во наредните денови претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на минималните и максималните температури. Во среда и четврток претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 28 до 38 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност, во вечерните часови со услови за локални врнежи во крајните северозападни, североисточни и источни предели, пред се во планинските предели. Во сабота сончево и топло со температура до 29 односно до 39 степени.