Времето денес (29.08.2014) - Умерено облачно со сончеви периоди, услови за локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 29 август 2014

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне  услови за слаб локален дожд ќе има во крајните југозападните делови. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува умерен североисточен и источен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 6.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура до 30°C. УВ индекс 6.

 

Во сабота ќе биде претежно сончево. Попладне во северните, северозападните, западните и југозападните предели ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 6.

 

Во недела претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северозападните, западните, југозападните предели, а во вечерните часови и во останатите предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 34°C. УВ индекс 5.