Времето денес (23.04.2014) - Облачно со врнежи од дожд и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 23 април 2014

Во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровитo, поради што е издадена жолта предупредувачка фаза во 3 региони. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови претежно во западните предели. Ќе дува умерен северн и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

 

жолта предупредувачка фаза во 3 региони за 23.04.2014 година

 

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 20°C.

 

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.

 

жолта предупредувачка фаза за цела Македонија за 24.04.2014 година

 

Нестабилното време со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во петок. Поинтензивни и поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северозападен а во западните предели умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 20°C.