Времето денес (21.07.2014) - Тропски ден, сончево и топло. Попладне со услови за дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 21 јули 2014

Во Македонија во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во северозападните, западните и југозападните предели. Локлано со услови за невреме и појава на град. Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежи од дожд се очекуваат на целата територија на Македонија. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 38°C. УВ индекс 9.

 

Очекувани врнежи во попладневните часови

 

Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и топло. Попладне наоблачување кое во доцните попладневни може да донесе услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 9.

Очекувани грмотевици во попладневните часови

 

Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 23°C, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 4.