Времето денес (20.10.2014) - Студено и магловито утро. Во текот на денот сончево и потопло
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 20 октомври 2014

Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 24°C.

 

 

Во вечерните часови понекаде ќе има појава на магла.

 

Во Скопје по студеното и магловито утро во текот на денот претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура до 21°C.

 

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужем и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 26°C.