Времето денес (20.08.2014) - Сончево и топло
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 20 август 2014

Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 36°C. УВ индекс 8.

 

 

 

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 8.

 

Во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне во западните, северозападните и североисточните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 37°C. УВ индекс 8.

 

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 35°C. УВ индекс 7.