Времето денес (17.03.2015) - Претежно сончево со локална облачност. Утре дестабилизација
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 17 март 2015

Во Македонија во раните утрински часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло.

 

 

Во вечерните часови и во текот на ноќта зголемување на облачноста во југоисточните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд.

 

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2°C до 8°C, а максималните дневни ќе достигнат до 7°C односно до 16°C.

 

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 6°C, а максималната дневна ќе достигне до 13°C.

 

Дестабилизација на времето не очекува во среда. Ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди но и со услови за локални врнежи од дожд. Над 800 метри со врнежи од снег. Утринските температури од -2°C до 7°C, а максималните дневни од 4°C до 13°C.

 

Во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд. Над 700 метри со провејување на слаб снег. Минималните температури во опаѓање и ќе се движат од -5°C до 4°C, а максималните дневни ќе достигнат до 5°C односно до 14°C.