Времето денес (10.07.2016) - Претежно сончево со локална облачност и потопло
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 20 јули 2016

Денес е среда, 20 јули 2016 година, 202-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:11, а ќе зајде во 20:06 часот. Денот ќе трае 14 часа и 54 минути.

 

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и свежо утро. Понекаде во јужните и југоисточните предели има појава на локална облачност.

 

 

 

МАКЕДОНИЈА - Денес по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и малку потопло. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температурио од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 6.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови следува сончево и се потопло време со пораст на температурите. Во четврток и петок утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени, во текот на денот ќе биде сончево и топло со максималните температури од 25 до 35 степени во четврток, односно од 28 до 37 степени во петок. Во деновите од викендот ќе имаме сончево и многу топло време. Температурите ќе бидат во пораст па дневните температури ќе се движат од 30 до 39 степени а воедно ќе имаме и висок вредност на ув индексот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk