Времето денес (09.03.2015) - Претежно облачно со услови за слаб локален дожд и снег
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 9 март 2015

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди.

 

 

Во доцните попладневни часови во југоисточните и источните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, додека во повисоките предели и во североисточните предели со провејување на снег.

 

Во вечерните часови и во текот на ноќта услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има на целата територија.Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во источните и западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер.

 

Утринските температури од -5 до 4 степени, а дневните температури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.

 

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а дневната до 7 степени.