Времето денес (07.07.2015) - Сончево и многу топло со температура до 39 степени
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 7 јули 2015

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во вторник не очекува уште еден тропски ден. Сончево и многу топло со повисоки дневни температури.

 

Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.

 

 

Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени.

 

И УВ индексот ќе има повисока вредност која ќе изнесува 9.

 

СКОПЈЕ  - Во Скопје во вторник ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда тропски ден, сончево и многу топло. Максималните температури ќе се движат од 29 до 40 степени. Ув индексот ќе има вредност 9, и се препорачува да се избегнува на излегува на сонце во периодот од 10 до 17 часот.

 

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста, а во доцните попладневни и во вечерните часови со услови за врнежи од дожд во северозападните и западните предели. Максималните температури од 28 до 39 степени.

 

Во петок претежно сончево со локална облачност, а во сабота ќе биде сончево и топло. Температурите ќе бидат во опаѓање и максималните ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени.