Времето денес (01.08.2014) - Умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 1 август 2014

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици кои ќе бидат проследени за засилен ветер. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C.

 

Во Македонија во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 34°C. УВ индекс 7.