Времето денес (01.06.2015) - Претпладне претежно сончево, попладне со локални врнежи
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 1 јуни 2015

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, зголемена облачност се очекува во југозападните предели.

 

 

Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Без врнежи и во попладневните часови се очекува да биде во централните, северните и североисточните предели.

 

Слаб ветер од променлив правец.

 

Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 31°C. УВ индекс 8.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 12°C, а максималната дневна до 28°C.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Но во вторник во крајните западни предели ќе постојат услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни до 21°C односно до 33°C.

 

Во четврток и петок ќе преовладува умерено облачно време со врнежи од дожд и грмотевици и со пад на максималните температури. Минималните температури од 10°C до 20°C, а максиамлните дневни до 16°C односно до 30°C.