Временска прогноза петок 13 март и времето за викенд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 12 март 2015

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе ја намали видливоста и под 100 метри. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

 

 

Нестабилно со услови за врнежи од дожд ќе биде во северозападните и западните предели, а во овие области во ридско-планинските предели и на планините со провејување на снег.

 

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува слаб североисточен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 13°C.

 

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна до 10°C.

 

 

Викенд прогноза за Македонија

 

Во сабота и недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Минималните температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните ќе достигнат до 6°C односно до 17°C.

 

 

Викенд прогноза за Скопје

 

Во деновите од викендот односно во сабота и недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Температурите ќе бидат во пораст, минималните ќе се спуштат до 1°C односно до 3°C, а максималните ќе достигнат до 12°C односно до 14°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk