ВИДЕО - Торнадо ја погоди областа на Бостон
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 31 јули 2014

Жителите на Ревир, во близина на Бостон, во вторникот попладне по локално време биле  погодени се од силно торнадо кое предизвикало голема материјална штета.

 

 

Националната метеоролошка служба објавила дека торнадото ја погодило областа проследено со обилни врнежи од дожд и грмотевици. Многу населби се без електрична енергија и предизвикана е голема материјална штета.

 

Според последините информации, штетите се насекаде, уништени се далноводи, објектите за живеење  претрпеле огромна штета. За среќа, жртви и сериозно повредени нема.