ВИДЕО - Поплави и во Романија, најмалку четири лица загинаа
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 април 2014

Најмалку четири лица го загубија животот, а стотици се евакуирани поради силните поплави предизвикани од поројните дождови на југоистокот на Романија, изјави денеска романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

 

 

Без оглед на сите напори на спасувачите, поплавите го однесоа животот на четворица граѓани, рече тој, наведувајќи оти има и граѓани кои се водат како исчезнати.

 

Меѓу жртвите е и едно 13-годишно дете кое се обидело со чамец заедно со возрасните да се спаси од надојдените води.

 

 

Најголема штета е предизвикана на истокот на Романија во Олта и Прахова, градо Бурзау и округот Телеорман, а 86 населби во текот на последните 24 часа се евакуирани.

 

 

Извор - Канал 5