ВИДЕО - Комплетен хаос во Србија, луѓето се евакуирани поради поплавите
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 април 2014

Илјадници луѓе останаа без вода за пиење, многумина немаат ни електрична енергија, а поради лизгање на земјиштето затворени неколку патишта.

 

 

Во Србија, поради поплавниот бран на неколку реки и нивните притоки во изминатит е два дена, барем 440 семејства беа евакуирани, илјадници луѓе останаа без вода за пиење или поради прекин на електричната струја попречена е помошта.

 

Вонредна состојба беше прогласена во пет реони, но нема жртви, а штетата од поплавите која зафати делови од западна, централна и источна Србија, не е возможно да се процени додека реките не се повлечат.

 

Раководител на Секторот за вонредни ситуации на МУП на Србија, Предраг Мариќ изјави за медиумите дека тимовите на пожарникарите – спасувачите и специјализирани спасувачки екипи на вода деноноќно се во погодените области, а поради прекин на електричната мрежа тешко е и водоснабдувањето во неколку градови и населби.

 

 

По поројните дождови и снегот во Србија расте нивото на реките, а поради одронот на земјиштето во прекин се неколку локални и магистрални патишта.

 

Поради лошото напојување со струја или високата вода, исклучени се поедини бунари во урбаните средини на Прокупље, Куршумлија и Врњачка Бања, така што во текот на денот српската армија ќе испрати повеќе цистерни со вода.

 

Дополнителни мерки и ангажирање екипи на терен ќе зависи од прогнозите на метеоролозите, а се очекува да поради затоплувањето и топењето на снегот во западните делови на Србија да следат нови поплави на реките во сливот на Западна Морава чије ниво во неделата наутро се искачи на 30 сантиметри.