Тропски ден и портокалова предупредувачка фаза. Навечер и во текот на ноќта услови за дожд и засилен ветер
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 30 јули 2015

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток не очекува уште еден тропски ден. Според метеоалармот на УХМР ќе имаме жолта предупредувачка фаза, а во источните, југоисточните и југозападните предели портокалова предупредувачка фаза.

 

 

 

Во доцните попладневни се очекува наоблачување, кое во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Во вечерните часови и во текот на ноќта четврток кон петок се очекува ветерот да го промени правецот и ќе дува  доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и со брзина и до 35 км/ч.

 

Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните дневни до 30 односно до 42 степени.

 

СКОПЈЕ -Во Скопје во четврток ќе биде сончево и многу топло. Во доцните попладневни часови услови за појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер кој во вечерните часови и во текот на ноќта ќе го промени правецот и ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 22 степени, а максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 10.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk