Состојба на патиштата - вторник 17.03.2015
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 17 март 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 17.03.2015 (вторник) на патниот правец А2е Охрид-Кичево, делница Пресека-Врбјани во перод од 15.00-16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот-минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.

 

 

Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово.

 

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.

 

Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за ПМВ, а за ТМВ е забранет.

 

Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

 

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

 

На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.На овој дел сообраќајот се одвива успорено.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ