Состојба на патиштата - среда 16.04.2014
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 16 април 2014

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај. 

 

 

 

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

 

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ