Состојба на патиштата (четврток 05.03.2015) - Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и крак Маврово - Дебар
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 5 март 2015

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и крак Маврово - Дебар.

 

 

СОСТОЈБА: Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. 

 

Извор АМСМ